Манчестер јунајтед е далеку од посакуваните резултати, иако преодниот рок со Варан, Санчо и Роналдо ветуваше дека ќе се борат за висок пласман.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ниту тренерот Ралф Рангник не промени премногу на клупата на Јунајтед, откако го замени Оле Гунар Солскјер, па сега им останува само борбата за топ-4 до крајот на сезоната.




Англиските медиуми пишуваат дека на крајот на сезоната Јунајтед ќе се обиде да купи неколку ѕвезди, а на списокот со желби се наоѓаат дури четири. Еден од кандидатите е Џуд Белингам од Борусија Дортмунд, кој игра фантастично и најверојатно ќе направи трансфер вреден околу 100 милиони евра.




Второто име кое е желба на „црвените ѓаволи“ е талентираниот Деклан Рајс, кој засега Вест хем успеа да го задржи, но најверојатно нема да може уште долго.




Се споменуваат и засилувања во нападот, и тоа звучни имиња, како што се Хари Кејн од Тотенхем и Ерлинг Халанд од Дортмунд, иако тоа ќе биде тешко за реализација, посебно ако „ѓаволите“ не изборат пласман во Лига на шампиони (ЛШ) за следната сезона.