Раководството на Интер договори две големи засилувања за следната сезона, а ќе пристигнат беспласплатно на „Џузепе Меаца“.
Станува збор за плејмејкерот на Наполи, Пјотр Зиелински и напаѓачот на Порто, Тереми, чии договори со клубовите истекуваат на крајот на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанските медиуми ја величаат работата на директорот Бепе Марота, кој е експерт за доведување на играчи без обештетување.
Тој уште додека беше во Јувентус донесе неколку големи засилувања за НУЛА евра, а листата во Интер е навистина импресивна.
Претходно без обештетување во Интер ги донесе Стефан Де Вриј, Турам, Михтаријан, Чалханоглу, Онана…