Дома Видео Лион испадна од купот, Фекир промаши пенал

Лион испадна од купот, Фекир промаши пенал

Во натпревар од четвртфиналето во Купот на Франција, Лион на својот стадион е поразен од Стразбур со 2:1.

Лион сигурно имал желба да оди до крајот, но Стразбур го изненади домашниот тим и избори полуфинале после голема борба.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во првиот дел беа досудени два пенала, по еден на двете страни. Гостите го искористија ударот од белата точка, а Набил Фекир во завршницата на првиот дел промаши.

Сепак, Лион во 49. минута дојде до изедначување, по асистенција на Депај реализираше резервистот Траоре за нова надеж за полуфинале.

Само три минути подоцна, гостите повторно во водство, овој пат стрелец беше Коне и Стразбур успеа до крајот да ја сочува предноста и да го елиминира фаворитот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …