Лионел Меси по вторпат ја освои наградата Лауреус за најдобар спортист во 2022 година.
Тој ја освои титулата светски првак со Аргентина на мундијалот во Катар и тоа беше пресудно за добивањето и на оваа награда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шели-Ен Фрејзер-Прајс е прогласена за спортистка на годината за нејзиниот петти трофеј од Светските првенства на 100 метри, како и за освојувањето на титулата од Дијамантската лига.
„Ви благодарам на сите за наградата. Задоволство е да се биде тука и да се добие оваа награда, но фудбалот е тимски спорт. Го исполнив својот најголем сон и го освоив Мундијалот“, изјави Меси.
Аргентинецот ги победи неговиот колега Килијан Мбапе, тенисерот Рафаел Надал, шампионот во Ф1, Макс Ферстапен, кошаркарот Стеф Кари и рекордерот во скок со стап, Арманд Дуплантис.
History maker! Lionel Messi is the first ever athlete to win the Laureus World Sportsman of the Year and Laureus World Team of the Year Awards in the same year.#Laureus23 pic.twitter.com/WJeaBghAMA
— Laureus (@LaureusSport) May 8, 2023