Дома Фудбал Останато Лионел Меси го шири бизнисот, си купи нов хотел

Лионел Меси го шири бизнисот, си купи нов хотел

Првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси си купи нов хотел.

Освен што на теренот игра во фантастична форма и ја докажува од натпревар во натпревар, Меси и покрај игрите на теренот води успешен деловен живот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Својот бренд на хотели Меси дополнително го прошири со купувањето на хотел со четири ѕвезди во Мајорка. Тој го купи хотелот „Sea Sun Fon de s’illot“ (Леванте, Мајорка) преку својата фирма за недвижности „Еxplotaciones Rosotel“.

Договорот за купопродажба е направен уште во февруари минатата година, а денес претходниот сопственик, Висенте Миралес потврди дека хотелот сега е во сопственост на Лионел Меси.

Хотелот со четири ѕвезди има 98 соби распоредени на четири ката. Ова е втора инвестиција на Меси на хотелскиот пазар откако минатата година го купи хотелот „Es Vive de Ses Figuerentes“ кој се наоѓа на Ибица, а денес тој хотел се нарекува „МiM Ibiza“.

Покрај тоа, Меси од претходно има уште еден хотел во Барселона. Инаку, новиот хотел на Меси во целост ќе биде реновиран, а до тогаш тој ќе биде затворен.

Својата промоција во новото издание овој хотел би требало да ја има на 2-ри мај. Со оглед на тоа кој сега е на чело на истиот нема сомневање дека овој хотел ќе биде преполн во текот на летните месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …