Гери Линекер славниот поранешен фудбалер и најдобар стрелец на Светското првенство 1986 година на својот Твитер ја објасни разликата помеѓу симулирањето и уметноста на изнудување пенал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во Англија се води активна расправа за Хари Кејн и Мохамед Салах кои во последните неколку натпревари изнудија пенал после минимални контакти поради што јавноста ги критикуваше.
„Обидот да се изнуди пенал така што ќе се се поставиш дефанзивецот да те фаулира не е измама. Тоа секогаш било дел играта. Салах и Кејн, како и други играчи ја знаат таа уметност. Симулирањето кога нема никаков контакт е измама“, порача Линекер.