Младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард смета дека тимот следната сезона ќе може да се бори за титулата ако на кормилото остане Оле Гунер Солскјер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Солскјер сега има статус на привремен тренер, но резултатите му одат од рака и на лето може да добие долгорочен договор.
„Солскјер и Фелан го вратија стариот Манчестер Јунајтед. Тие одлично ја познаваат лигата како и клубот од внатре, па на перфектен начин го водат тимот. Солскјер уште кога дојде знаеше што треба да прави и веднаш ја доби довербата на играчите“.
„Ни кажа дека треба да играме како вистински Манчестер Јунајтед. Сега играме добро, победуваме и постигнуваме многу голови. Сметам дека ако Оле остане на клупата следната сезона може да се бориме за титулата“, истакна Лингард.