Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Џеси Лингард би можел кариерата да ја продолжи во Италија.
Како што денес објавија бројни англиски медиуми, Лингард разговоарал со поранешните соиграчи Крис Смолинг и Ешли Јанг за животот во Италија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лингард беше талент кој многу ветува, но и оваа сезона одигра катастрофално и е мета на навивачите на Манчестер Јунајтед, па поради тоа клубот е спремен да го продаде.
Тој на лето ќе влезе во последната година од договорот, па ова е вистински момент Јунајтед да заработи на неговото заминување.
Негов нов менаџер е Мино Раиола, кој треба да му обезбеди трансфер во Италија, а како фаворит за неговиот потпис важи Интер.