Дома Македонски спорт Лина Ѓорческа освои титула во Грција

Лина Ѓорческа освои титула во Грција

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го освои фјучерс турнирот кој се играше во Иркалион Грција.

Лина во финалето беше подобра од Мириам Бјанку Булгару со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4.

Ѓорческа во финалето играше фантастично и не и дозволи на нејзината противничка од Романија воопшто да се закани, па ја декласира во два сета.

Македонската тенисерка имаше шанса да освои титула и во двојки, но вчера загуби заедно со Деа Херџелас во финалето од Гаврила и Каратанчева со 0-2, односно двапати по 4-6.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Стојковска бара поголема видливост за шахот и еднакви можности за шахистките

Македонската репрезентативка ги посочува разликите во наградните фондови и недоволното мед…