Дома Трансфер зона Лидс ќе го замени Алиоски со фудбалер од вториот тим на Реал?

Лидс ќе го замени Алиоски со фудбалер од вториот тим на Реал?

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е се поблиску до заминување од Лидс, а англискиот клуб изгледа дека веќе му бара и замена.

Според последните информации фаворит да го наследи Алиоски во Лидс е младинскиот репрезентативец на Шпанија, 19 годишниот Мигел Гутиерез. Гутиерез во овој момент е дел од вториот тим на Реал Мадрид, а сезонава неколку пати беше на клупата на првиот тим, но Зидан се уште не му дал шанса за настап.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во својот договор Гутиерез има откупна клазула од 35 милиони евра.

Потенцијал има, меѓутоа за Лидс е ризик да се плати толкава сума за играч кој се уште не настапил во сениоерска конкурренција.
Инаку, во Реал Гутиерез тешко дека ќе добие шанса, посебно ако се остварат најавите дека во Мадрид ќе пристигне Давид Алаба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…