Фудбалерите на Милан вечерва повторно ги разочараа своите навивачи, бидејќи на домашен терен одиграа само 1: 1 против Сасуоло.
Интер и Рома загубија во ова коло, но нивните порази не ги искористи тимот на Милан за да се врати во битката за ЛШ. Проблем на тимот на Џенаро Гатусо направи Сасуоло кој однесе бод од Сан Сиро.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во првиот дел од овој натпревар Милан имаше само една добра шанса и тоа преку Франк Кеси чиј удар беше одбранет од голманот. Во второто полувреме, домашниот тим почна да ризикува и тоа им остави простор на гостите кои во 75-тата минута дојдоа до водство. Од околу 20 метри, со прецизен удар мрежата на Донарума ја затресе Политано.
Потоа беше јасно дека Милан мора да оди на се или ништо, и на крајот успеа само да освои бод. Се играше 86. минута кога Никола Калиниќ успеа да го постигне првиот гол по четири месеци. После тоа, домаќините имаа уште неколку добри можности преку Калиниќ и Бонавентура, но не можеа да победат.
Милан по овој натпревар останува на шестото место со 52 бодови, а четвртото место е “далеку” осум бода. Од друга страна, Сасуоло остана на 14-та позиција со 30 бода, или три повеќе од опасната зона.