Дома Трансфер зона Ливерпул ќе го пушти Кариус да си замине бесплатно

Ливерпул ќе го пушти Кариус да си замине бесплатно

Агонијата на Лорис Кариус конечно ќе заврши.

Кариус е член на Ливерпул, но дресот на „црвените“ не го носел уште од финалето во Лигата на шампионите во 2018 година кога не се прослави. Германецот бранеше на позајмица во Бешикташ, а потоа и во Унион Берлин. Турците го вратија поради пропустите, а во германскиот тим минатата сезона одигра само четири натпревари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ова лето не успеа да пронајде нов тим, па остана во Ливерпул, но секако нема прилика да брани. Клубот донесе одлука да му излезе во пресрет и да го пушти во јануари да си замине без оштета.

На Кариус е да пронајде клуб кој сака да го ангажира и може да се пресели бесплатно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Марсијал

Јувентус се вклучи во трката за потписот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсиј…