Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е силно заинтересиран за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.
25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ливерпул подолго време го следи Фабиан Руиз и сега е спремен да преземе конкретни чекори за негов ангажман.
Договорот на Шпанецот со Наполи истекува во јуни 2023 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот.
„Црвените“ се спремни да платат 45 милиони евра за неговиот потпис, но ќе треба да ја победи конкуренцијата.
Имено, за Фабиан Руиз веќе подолго време интерес покажуваат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.