Дома Трансфер зона Ливерпул ја одреди цената за Фирмињо

Ливерпул ја одреди цената за Фирмињо

Ливерпул е спремен на лето да се раздели со својата голема ѕвезда, Роберто Фирмињо, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


30-годишниот Бразилец има договор на уште 18-месеци со Ливерпул и клубот нема намера да му понуди нов, туку ќе го стави на трансфер листа на лето.

Од почетокот на сезоната Фирмињо имаше неколку повреди и го загуби местото во стартниот тим и до овој момент има постигнато седум гола.

Со оглед на падот на неговата форма и краткиот договор со Ливерпул, „црвените“ сметаат дека сега е вистинско време за продажба и му поставиле цена од 20 милиони фунти.

За Фирмињо интерес покажуваат неколку европски гиганти, а најсилен е интересот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…