Дома Фудбал Англија Ливерпул шампионската титула ќе ја слави во нови дресови?

Ливерпул шампионската титула ќе ја слави во нови дресови?

Ливерпул титулата во англиската Премиер лига би можел да ја слави со поинакви дресови од оние со кои најголем дел од актуелната сезона.

Сезоната во Премиер лигата во овој момент е прекината, а се претпоставува дека би можела да продолжи кон крајот на мај или јуни секако под услов Европското првенство да биде и официјално одложено, тоа би требало да се знае денес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доколку тоа се случи Ливерпул на прославата на титулата ќе има нови дресови бидејќи на „црвените“ им истекува договорот со „Њу Баланс“ и им започнува соработката со „Најк“.

Од 1. јуни 2020 година и официјално ќе започне соработката на Ливерпул и „Најк“ и ако првенството се помести, јасно е дека „црвените“ ќе ги облечат дресовите на американскиот игант и со нив ќе бидат промовирани во шампиони на Англија.

Ливерпул во овој момент има 25 бодови предност во однос на Манчестер Сити и само прашање на време е кога ќе бидат прогласени во шампиони на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најави ли Тухел со оваа изјава враќање во Премиер лигата?!

Томас Тухел вечерва игра решавачки натпревар на клупата на Баерн Минхен, но многу се пишув…