Дома Топ вести Ливерпул тргнува по талентот на Лион

Ливерпул тргнува по талентот на Лион

Ливерпул покажува сериозен интерес за младиот талент на Лион, Рајан Черки, пренесуваат медиумите на Островот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


18-годишниот играч за врска игра одлична сезона за Лион и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Черки е офанзивен фудбалер кој може да игра и како плејмејкер, но и по крилните позиции. Тој е продукт на школата на Лион, но веќе има 52 настапи за првиот тим на кои постигна 7 гола.

Черки има договор со Лион до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па клубот ќе мора да го продаде, а за неговата слобада бара 25 милиони фунти.

Покрај Ливерпул, интерес за него покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…