Ливерпул е силно заинтересиран за напаѓачот на Вердер и косовски репрезентативец, Милот Рашица, пренесува „Билд“.
Според еминентниот германски весник Рашица е резервна опција за Клоп доколку не успее да го реализира трансферот на Тимо Вернер од Лајпциг.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вернер е најголема трансфер желба на Клоп, но конкуренцијата за Германецот е огромна, па „црвените“ имаат резервна опција.
„Билд“ открива дека косовскиот репрезентативец во договорот со Вердер има откупна клаузула од 38 милиони евра. Интерес за Рашица покажува и Борусија Дортмунд бидејќи во него гледа идеална замена за Џејдон Санчо.
Оваа сезона Рашица игра фантастично и на 21 меч постигна 10 гола и запиша 4 асистенции за Вердер.