Дома Трансфер зона Ливерпул тргнува по Иско

Ливерпул тргнува по Иско

Ливерпул се вклучи во траката за потписот на плејмејкерот на Реал Мадрид, Иско, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул е во потрага по наследник на Вајналдум, па иако се споменуваат многу имиња, сепак главна мета е токму Иско.

Иско минатата сезона не добиваше голема минутажа кај Зидан, а изгледа дека работите нема да се променат со доаѓањето на Анчелоти.

Поради тоа Шпанецот е спремен да ја промени средината, а Ливерпул сака да ја искористи ситуацијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Иско влезе во последната година од договорот и Реал е спремен да го продаде, а за неговата слобода бара 18 милиони евра, сума која нема да биде проблем за Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…