Дома Трансфер зона Ливерпул стави на продажба шест фудбалери

Ливерпул стави на продажба шест фудбалери

Претствојат важни денови во однос на трансферните планови на Ливерпул. До овој момент „црвените“ го донесоа само Ибрахима Конате за 35 милиони евра од Лајпциг.

Медиумите тврдат дека Клоп сака да донесе уште две засилувања од кои едното сигурно ќе биде замена за Вајналдум.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа, за тоа „црвените“ ќе треба да се ослободат од неколку фудбалери кои во моментов се „вишок“.

Според „Мирор“ шест фудбалери се ставени на продажба и тоа Дивок Ориги, Шаќири, Лорис Кариус, Натаниел Филипс, Бен Дејвис и Шеј Оџо.

До овој момент Ливерпул заработи 31 милион фунти од продажбите на Марко Груиќ, Таиво Авони и Хари Вилсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…