Клубовите од Премиер лигата, пред се Ливерпул, се заинтересирани за услугите на фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Денис Закарија.
Станува збор за 22 годишен фудбалер од средниот ред кој импресионира под водство на новиот менаџер на клубот, Марко Росе.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Закарија може да игра на сите позиции во средниот ред, а „Билд“ пренесува дека Ливерпул веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да плати 50 милиони евра.
Интерес за швајцарскиот репрезентативец покажуваат уште Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, па поради тоа „црвените“ брзаат и сакаат да ја победат конкуренцијата.