Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Мароко, Софијан Амрабат.
Имено, Клоп сака да го засили средниот ред во јануари, па останал импресиониран од настапите на Амрабат на Мундијалот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
26-годишниот фудбалер на Фиорентина игра одлично на Мундијалот, а Клоп има потреба токму од таков профил на фудбалер.
Ливерпул нема многу алтернативи во средниот ред, па е во потрага по квалитетен играч за врска. „Црвените“ спремиле понуда од 30 милиони евра и сакаат да го доведат во јануари.