Дома Трансфер зона Ливерпул спреми богата понуда за ѕвездата на Интер

Ливерпул спреми богата понуда за ѕвездата на Интер

Марсело Брозовиќ игра фантастично оваа сезона и е еден од најзаслужните за добрите резултати на Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неговите одлични игри за „нероаѕурите“ не останаа незабележани од европските гиганти кои покажуваат сериозен интерес за Хрватот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека скаути на Ливерпул веќе подолго време го следат плејмејкерот, па „црвените“ се спремни наскоро да испратат понуда.

Марсело Брозовиќ има 27 години,  а неговата откупна клаузула е 60 милиони евра, нешто што наводно Ливерпул е подготвен да го плати. 

Клоп е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе биде замена за Наби Кеита и верува дека Хрватот ќе биде идеално решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…