Дома Трансфер зона Ливерпул почна преговори со Амрабат

Ливерпул почна преговори со Амрабат

Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул почнал преговори за ѕвездата на Мароко, Софијан Амрабат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Клоп сака да го засили средниот ред во јануари, па останал импресиониран од настапите на Амрабат на Мундијалот.

26-годишниот фудбалер на Фиорентина одигра одлично на Мундијалот, а Клоп има потреба токму од таков профил на фудбалер.

„Црвените“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и почнале преговори, а се спремни да понудат 35 милиони евра на Фиорентина за неговиот потпис.

Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата бидејќи многу клубови се заинтересирани за Амрабат, пред се Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…