Дома Фудбал Англија Ливерпул потпишува спонзорски договор кој ќе ги сруши сите рекорди!

Ливерпул потпишува спонзорски договор кој ќе ги сруши сите рекорди!

Ливерпул ќе го потпише најскапиот спонзорски договор во историјата на Премиер лигата, пренесуваат медиумите на Островот.

Според „ЕСПН“, Ливерпул е во напредни преговори со компанијата „Најк“ и клубот од „Енфилд“ треба да потпише спонзорски договор поскап од оној кој Манчестер Јунајтед го има со „Адидас“, а кој изнесува 750 милиони евра.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ливерпул моментално има договор со „Њу Баланс“ според кој добива 45 милиони фунти годишно, но „црвените“ нема да го продолжат договорот со оваа компанија кој истекува на крајот на сезоната.

За соработка со Ливерпул заинтересирани се уште „Адидас“ и „Пума“, но се чини дека понудата од „Најк“ е најдобра и може да ги собори сите рекорди.

Во моментов најскапиот договор во светот го има Барселона со „Најк“. Тој беше потпишан минатата година и според него Каталонците добиваат 100 милиони фунти годишно.

„ЕСПН“ тврди дека Ливерпул нема да ги добие истите услови како Барселона, но ќе потпише поскап договор од тој на Манчестер Јунајтед со „Адидас“ кој е тежок 750 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…