Барселона, ПСЖ и Реал Мадрид на лето се подготвени да го срушат светскиот рекорд и за 225 милиони евра да го доведат најдобриот фудбалер на Ливепрул оваа сезона, Мухамед Салах.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Доколку се оствари овој трансфер во еден од трите богати клубови, Салах за 3 милиони евра би го надминал Бразилецот Нејмар кој минатото лето се пресели од Барселона во ПСЖ.
Британските медиуми пишуваат дека Ливерпул нема немара да се откаже од Салах, тоа им го кажа и на аглиските ривали Манчестер Сити и Јунајтед, но ќе ги разгледа понудите од странство, а ваква понуда е една од оние кои тешко можат да се одбијат.
Салах „експлодира“ од доаѓањето од Рома во Ливерпул и во моментов е најдобриот стрелец во Европа со 28 гола во Премиер лигата.