Дома Фудбал Ливерпул и Челзи ќе играат за трофејот во Карабао купот

Ливерпул и Челзи ќе играат за трофејот во Карабао купот

Фудбалерите на Ливерпул по рекорден 14-ти пат ќе се борат за титулата победник на англискиот Карабао куп, а пласман во финалето обезбедија откако одиграа 1:1 против Фулам во реваншот од полуфиналниот натпревар одигран на лондонски Крејвен Котиџ, со што ја одбрани предноста од 2:1 стекната на својот Енфилд.

Тимот предводен од Јирген Клоп поведе во 11. минута со голот на Луис Дијаз. Фулам израмни во 77. минута, а стрелец беше Иса Диоп. Сепак, домашните не успеаја да постигнат уште еден гол за да ја „анулираат“ победата на Ливерпул во првиот натпревар.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите на Челзи во вторникот стигнаа до своето десетто финале совладувајќи го второлигашот Мидлсброу на својот Стемфорд Бриџ со дури 6:1 за вкупни 6:2.

Финалето на Карабао купот ќе се одигра на 25 февруари на националниот стадион „Вембли“ во Лондон. Во него Ливерпул ќе го бара патот до десеттата титула, а Челзи ќе се обиде по шести пат да триумфира во ова натпреварување.

Последната титула Ливерпул ја освои пред две години, и тогаш противник во финалето им беше Челзи. Натпреварот остана запаметен по тоа што ниту во основните 90 минути ниту во продолжението од 30 минути немаше голови, па победникот беше решен во удар од 11 метри и тоа дури во 11. серија кога тогашниот голман на Челзи Кепа Аризабалага промаши, и му донесе титула на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Не сум ниту навивач, ниту Србин, но тоа што и го направија на Звезда е срамно – овој човек постојано прави инциденти“

Бурно реакции во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанец кој го водеше нат…