Дома Трансфер зона Ливерпул и Реал се „тепаат“ за Брозовиќ

Ливерпул и Реал се „тепаат“ за Брозовиќ

Марсело Брозовиќ игра фантастично оваа сезона и е еден од најзаслужните за добрите резултати на Интер.

Неговите одлични игри за „нероаѕурите“ не останаа незабележани од европските гиганти кои покажуваат сериозен интерес за Хрватот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека скаути на Ливерпул веќе подолго време го следат плејмејкерот, па „црвените“ се спремни наскоро да испратат понуда.

Покрај Ливерпул, силен интерес за Брозовиќ покажува и Реал Мадрид, бидејќи Зидан во него гледа идеален наследник на Лука Модриќ.

Шпанските медиуми тврдат дека „кралевите“ се спремни да испратат понуда од 60 милиони евра до Интер и понуда до 27-годишниот играч која нема да може да ја одбие.

Зидан сака да го засили средниот ред следното лето, а Брозовиќ е на врвот на листата желби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…