Дома Фудбал Англија Ливерпул и Арсенал во бараж за четвртото место? Иако комплицирано, сепак можно…

Ливерпул и Арсенал во бараж за четвртото место? Иако комплицирано, сепак можно…

Неутрално гледано, тоа е најдобрата работа која може да се случи во Премиер лигата. И тоа како е можно, во последното коло од ова фудбалско натпреварувае, резултатите на Ливерпул и Арсенал да се поклопат во целост.

За потсетување, во борбата за четвртото место, Топџиите и Црвените ги дели само еден бод во овој момент, а правилата на Премиер лигата се јасни – доколку двата тима имаат ист број на бодови и идентична гол разлика во табеларниот поредок, одлучува бараж меч, еден дуел, игран на неутрален терен.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вакво сценарио е можно и не е нереална ситуација во последните 90 минути во англискиот шампионат, а за да гледаме екстра дуел помеѓу Ливерпул и Арсенал потребно е лондонскиот тим во последното коло да ремизира со Евертон дома со 1:1, а екипата од Енфилд да загуби од Мидлзброу со 2:0.

Во тој случај двата тима би имале оп 73 бода и идентична гол разлика од 74:44, што ќе ги испрати во одигрување на бараж дуел за одлука кој ќе патува во квалификациите за Лигата на шампионите. Да се разбереме, неутрално гледано, ова би била најдобра опција и ситуација која би можела да се случи – тимовите сами, меѓусебно, да си решат кој ќе има предност за шампионското европско натпреварување.

Во споменатиот круг не би можел да се најде Манчестер Сити кој во последното коло гостува кај Ватфорд и со победа може да го осигура третото место и директен пласман во Лига на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…