Mоже да се каже сосема очекувано.
После пристигнувањето на најскапиот голман на сите времиња, Алисон, Ливерпул го продаде третиот голман Дени Ворд. „Црвените“ постигнаа договор со Лестер за репрезентативецот на Велс кој во претходната сезона беше трет голман и алтернатива за Кариус и Мињоле.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лестер се согласи да плати сума од 10 милиони евра, што и не е лошо ако се знае дека во минатата сезона Ворд бранеше само на еден натпревар и на него не се сметаше сериозно. Со доаѓањето на Алисон, Ливерпул немаше потреба да држи четворица голмани во својот тим.
Останува само Ворд да се договори со Лестер околу личните услови и да ги одработи медицинските прегледи, но тука не би требало да има проблем. За многумина ова е знак дека Лестер се спрема за продажба на Шмајхел кого го посакуваат Челзи и Рома, но „Скај Спорт“ наведува дека „лисиците“ сакаат само да ја засилат конкуренцијата.