Дома Трансфер зона „Ливерпул Ехо“: Клоп испратил скаути на натпреварот помеѓу Баерн и Бешикташ

„Ливерпул Ехо“: Клоп испратил скаути на натпреварот помеѓу Баерн и Бешикташ

klop

Како што пренесува „Ливерпул Ехо“, скаути на клубот од „Енфилд“ го следеле натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите.

Баерн Минхен во рамките од првиот натпревар од нокаут фазата го пречека Бешикташ и славеше со убедливи 5:0 на свој терен и така практично веќе го обезбеди пласманот во следната фаза.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Со оглед на тоа дека фудбалерите на Баерн блескаа на оваа средба, скаутите на Ливерпул немаа среќа бидејќи тие тука беа поради еден фудбалер на турскиот претставник.

Имено, „црвените“ се заинтересирани за фудбалерот на Бенфика кој настапува како позајмен во редовите на клубот од Инстанбул, Андерсон Талиска.

Високиот Бразилец прикажува одлични настапи оваа сезона, а позната е дека веќе некое време се наоѓа на радарот на клубовите од Премиер лигата. Последен во оваа низа е тимот на Јирген Клоп.

Екипата од „Енфилд“ го следи веќе неколку месеци, но познато е дека Бешикташ е заинтересиран да го откупи неговиот договор наредното лето за сума од 25 милиони евра.

Останува да видиме како оваа приказна ќе се развива, а треба да се истакне дека постои опција Бешикташ да го откупи Талиска и да го продаде за поголема сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Артета носи големо засилување во борбата за титулата

Арсенал е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, прене…