Навивачите на Ливерпул и втора вечер во низа се собраа за да ја слават титулата во Премиер лигата, прва после 30 години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Црвените“ во четвртокот ја обезбедија титулата, а навивачите скоро и да не обрнуваа внимание на пандемијата со коронавирусот и препораките кои ги добиваат од Владата.
Од клубот го осудија таквото однесување на навивачите и порачаа дека за нив тоа е неприфатливо.
„Нашиот град и понатаму се бори со здравствената криза и таквото однесување е неприфатливо. Има потенцијална опасност од втор „пик“ на коронавирусот и мораме да бидеме претпазливи и заеднички да се бориме. Кога ќе биде безбедно заедно ќе организираме парада и тогаш ќе прославиме. До тогаш безбедноста е приоритет и таквото однесување е неприфатливо“, стои во заедничкото соопштение на градот Ливерпул и полицијата.