Дома Фудбал Англија Ливерпул доби жестока конкуренција за Алкантара

Ливерпул доби жестока конкуренција за Алкантара

Дека Тиаго Алкантара сака да го напушти Баерн не е тајна, а од поодамна се шпекулира дека Ливерпул е прв во редот за негов трансфер.

Искусниот играч наводно е голема желба на Јирген Клоп, а значаен чекор кон негов трансфер е направен кога Баерн ја одреди цената.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Баварците не сакаат следното лето да го пуштат без пари, па ова лето “подготви“ цена од 30 милиони евра.

Меѓутоа, сега ситуацијата во Ливерпул се комплицира.

Француски Le10Sport пишува дека спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо телефонски ги контактирал челниците на Баерн и им го кажал неговиот интерес за Алкантара.

Поради тоа, доколку Ливерпул е сериозно заинтересиран за Шпанецот, треба да ја преземе иницијативата и да го договори трансферот што побрзо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шведскиот репрезентивец кој беше во кома пуштен од болница, но се уште не може да оди и зборува

Шведскиот фудбалер Кристофер Олсон денеска ја напушти болницата во Копенхаген, откако мина…