Кога Ливерпул изминатото лето го доведе Диого Жота од Вулверхемптон многу се прашуваа дали сумата од 45 милиони евра е премногу за играч кој е доведен да биде замена за Мане и Салах.
Сега од кога вчера и даде три гола на Аталанта се поставува прашањето – треба ли Жота да биде првотимец?
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Против тимот кој игра најатрактивен фудбал во Серија А Жота одигра фантастичен натпревар. Му беа потребни само четири удари и 65 минути за да постигне три гола и така да одигра важна улога во триумфот на Ливерпул.
Одлично ја искористи шансата што Роберто Фиримино не играше и покажа дека може да биде супер замена во врвот на нападот. Неговото движење без топка е навистина одлично, се отвара во простор, прави простор за соиграчите и самиот влегува во шанси.
Со овие три гола Жота дојде до бројката од седум голови во сезоната. Освен против Аталанта во Лигата на шампионите стрелаше и против Мјитиланд. Во Премиер лигата постигнуваше голови против: Вест Хем, Арсенал и Шефилд.
Ова му успеа само во 500 минути игра што значи дека постигнува гол на секои 70 минути. Салах постигна два повеќе, но за тоа му беа потребни и 460 минути повеќе. Во просек на Салах потребни му се 107 минути за гол сезонава. Мане и Фирмино постигнаа заедно пет гола, два помалку од Жота.
Нема што Клоп уште еднаш направи полн погодок кога се реши да го доведе Жота.