Ливерпул започнал преговори со Порто за играчот за врска Отавио, во кого Клоп гледа идеална замена за Вајналдум.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според „А Бола“ Ливерпул ќе се обиде да ја финализира зделката до крајот на оваа недела. Од денес откупната клаузула на Отавио се зголемува од 40 на 60 милиони евра, па поради тоа „црвените“ брзаат да го договорат трансферот.
Според информациите од Англија, Ливерпул понудил 23 милиони евра плус потписит на Марко Груиќ, кој игра на позајмица во Порто.
26-годишниот Отавио минатата сезона одигра 42 меча за Порто на кои постигна 5 гола и запиша 12 асистенции.