Еден од приоритетите на Ливерпул во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен голман, а според најавите тој најверојатно ќе пристигне од Серија А.
Англиските медиуми пренесуваат дека Јирген Клоп е спремен да понуди 60 милиони евра за младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Иднината на Донарума во Милан е неизвесна, а наводно неговиот агент Мино Раиола веќе започнал преговори со „црвените“. Тој има одлични односи со раководството на Ливерпул и ќе направи се за да го однесе 19-годишниот голман на „Енфилд“.
Ливерпул покажува интерес и за голманот на Рома, Алисон Бекер, но ќе биде многу потешко да стигне до неговиот потпис бидејќи за Бразилецот силен интерес покажува и Реал Мадрид.
Милан веќе го обезбеди потписот на Пепе Реина и наводно е спремен да се раздели со Донарума доколку пристигне понуда помеѓу 60 и 70 милиони евра.