Откако Шкендија го доби противникот во квалификациите Лигата на шампионите и учесниците во квалификациите од ЛЕ Македонија Ѓ.П, Академија Пандев и Шкупи ги добија своите противници.
Шкупи и Македонија Ѓорче Петров добија ерменски противници, додека Струмичани ќе патуваат во Босна.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пјуник кој е добро познат на македонската спортска јавност ќе игра против Шкупи. Овој тим минатите квалификациите играше против Вардар, а во 2004 години токму поради Пјуник Победа доби седумгодишна суспензија поради местење.
„Лавовите“ од Ѓорче за противник го добија релативно анонимниот клуб ерменски клуб за нашата јавност Алкашерт.
Академија Пандев која за прв пат игра во Лигата на Европа ќе патува во Мостар на натпревар против Зрињски.
Првите натпревари се играат на 11-јули, а реваншите истиот месец на 18-ти.