Дома Кошарка Лејкерс и Милвоки во полуфинале ?

Лејкерс и Милвоки во полуфинале ?

Двете најдобри екипи во Западната и Источната конференција од НБА лигата, ЛА лејкерс и Милвоки се пласираа во второто коло од плејофот.

Лејкерс синоќа во петтиот дуел беше подобар од Портланд  131:122. Дејвис имаше 43 поени, а Леброн Џејмс на  36-те поени придодаде и 10 скока и 10 асистенции.

Милвоки обезбеди полуфинале во источната конференција, каде од претходно пласман обезбедија Торонто, Мајами и Бостон. Тие во петиот натпревар од првото коло на плејофот го совлада Орландо со 118:104. Јанис Атетокумбо ги предводеше Бакс со 27 поени и 17 скока.

Хјустон во чии редови по повредата се врати Расел Весбрук, поведе во серијата со Оклахома со 3:2, откако синоќа оствари убедлива победа од 114:80. Најефикасен на мечот беше Харден кој уфрли 31 поен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кој ги кочи засилувањата во Макаби? Диц возврати на обвинувањата на Гершон

Малцинскиот сопственик Ричард Диц негира дека го забавува ангажирањето нов кошаркар и тврд…