Дома Останати Кошарка НБА Лејкерси се подалеку од плеј-офот, одличните Јокиќ и Дончиќ не беа доволни за Денвер и Далас 🎥

Лејкерси се подалеку од плеј-офот, одличните Јокиќ и Дончиќ не беа доволни за Денвер и Далас 🎥

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ одново беа одлични во НБА натпреварите, но нивните тимови запишаа порази.

Денвер запиша пораз на домашен терен од Минесота со 130:146 и така беше ставен крај на мини-серијата од три победи во низа на Нагетси. Гостите одлично влегоа во натпреварот и после бројни пресврти ја добија првата четвртина. Минесота пред полувремето направи предност која на крајот се покажа како доволна за да слави во натпреварот. Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 38 поени, 19 скока и 8 асистенции. Во редовите на победничкиот тим Карл Ентони Таус постигна 32 поени, Расел застана на 24.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И Далас не го искористи новиот одличен настап на Дончиќ и на гости кај Вашингтон Мавси запишаа убедлив пораз од 135:130. Словенецот постигна 36 поени, подели шест асистенции и додаде седум скока. Кај Вашинтон Кентавијус Колдвел-Поуп постигна 35 поени, Порзингис 24.

Њу Орлеанс ја продолжи кризата на Лејкерси кои сега имаат пет порази во исто толку натпревари и се се подалеку од плеј-офот. Леброн постигна 38 поени, МекКолум 32, Нграм 29 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Орландо – Торонто 89: 102, Вашингтон – Далас 135: 103, Бостон – Индијана 128:123, Хјустон – Сакраменто 117: 122. Мемфис – Феникс 122: 114, Милвоки – ЛА Клиперс 119: 153, Оклахома-Детроит 101: 110, Сан Антонио – Портланд 130: 111, Денвер – Минесота 130:136, ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 111:114.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Доби повик за ЕП, а тој го испланирал годишниот одмор: Веќе резервирав сафари во Танзанија

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман вчера го објави списокот на фудбалери за Европс…