Лос Анџелес Лејкерси на гостувањето кај Портланд славеа со 121:112 враќајки се од 25 поени разлика. Одличен натпревар одигра Леброн Џејмс.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По првиот период Лејкерси имаа предност, меѓутоа во вториот имаа неверојатен пад и примија 45 поени, а постигнаа само 13. Портланд на полувремето водеше со 25 поени разлика и таа предноста ја одржуваше до воведниот дел на третата четвртина.




Високата разлика тогаш почна да се топи, а Лејкерси заиграа многу подобро и ја анаулираа огромната негатива.




Иако наполни 38 години Леброн беше моторот на својот тим и постигна 37 поени, додавајќи уште 11 скокови. Треба да се додаде и дека на последните десет натпревари Леброн има просек од над 35 поени. Во редовите на Портланд Симонс беше најефикасен со 31 поен.




НБА РЕЗУЛТАТИ:
Далас – ЛА Клиперс 98:112
Мајами – Њу Орлеанс 100:96
Торонто – Њујорк 125:116
Денвер – Оклахома 99:101
Феникс – Мемфис 112:110
Голден стејт – Бруклин 116:120
Портланд – ЛА Лејкерс 112:121