Лос Анџелес Лејкерси изедначија во серијата против Портланд на 1:1. После поразот во првиот меч од плеј-оф рундата вчера лесно стигнаа до победа со резултат 111:88.
Уште на стартот од натпреварот Лејкерси направи серија и отидоа на плус девет, а на крајот на првата четвртина водеа со 27:19. Во втората четвртина Лејкерси ја одржуваа двоцифрената предност за на полувреме да стигнат до максимални 17 поени разлика – 56:39.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
До крајот на третата четвртина Портланд целосно се распадна, Лејкерси отиде и до 30+, а на крајот во последната четвртина и без главните ѕвезди ја приведоа работата кон крајот и стигнаа до 1:1.
Ентони Дејвис за само 29 минути на паркетот уфрли 31 поен, 11 скокови и три асистенции. Калдвел – Поп додаде 16 поени, Џ.Р Смит 11, додека Мекги и Џејмс уфрлија по 10 поени. Кај Портланд единствено се истакна Лилард со 18 поени. Меколум уфрли 14, Симонс 11, а Нуркиќ 9 и пет скока.
Истата вечер нешто претходно, Милвоки со 111:96 го совладаа Орландо и изедначија во серијата. Антетокумпо имаше 28 поени и 20 скокови, а Лопез 20 поени. Кај Орландо, Никола Вучевиќ уфрли 32 поени и 10 скока.
Со 111:98 Хјустон ја совлада Оклахома и поведе со 2:0. Харден беше најефикасен кај „Ракетите“ со 21 поени, а Глигос-Александер од Оклахома беше најефикасен на натпреварот со 31 поен.