Дома Фудбал Репрезентации Летонија го објави списокот за натпреварот против Македонија.

Летонија го објави списокот за натпреварот против Македонија.

Селекторот на Летонија Паоло Николато го објави списокот од 24 фудбалери на кои ќе смета за време на октомврискиот прозорец и натпреварите во Лигата на Нации.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Летонија на 10 октомври ќе биде домаќин на Македонија додека четири дена подоцна ќе се соочи и со Фарски Острови.

Летонците на списокот имаат 16 фудбалери од домашното првенство и осум кои играат во странски екипи.

Македонија на табелата во групата по две одиграни кола е лидер со четири бода пред Ерменија и Летонија кои имаат по три, додека селекцијата на Фарски Острови освои само еден бод.

Во текот на вчерашниот ден списокот за овој октомврски циклус го објави и македонскиот селектор, Благоја Милевски (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Рејндерс е разочаран во Сити, подготвува големо предавство!

Холандскиот офанзивен играч за врска, Тиџани Рејндерс (27), летово му се приклучи на Манче…