Играчот за врска Валентино Лозаро по само неколку месеци би можел да го напушти Интер.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Австрискиот репрезентативец на „Џузепе Меаца“ беше претставен како засилување платено повеќе од 20 милиони евра, но оваа сезона тој на теренот помина само 41 минута. „Tuttomercato“ пишува дека во Интер размислвуаат на можноста 23-годишниот играч да го испратат на позајмица, а следна дестинација најверојатно ќе биде Херта, чиј дрес го носеше претходно.
Против таква идеја очигледно не е ниту Лазаро, особено бидејќи во Херта ќе има значително поголема минутажа, а за своите амбиции неодамна и самиот изјави дека сака да напредува. Лозаро инаку има договор со Интер до 2023. година.