Робин Госенс игра одлично во Аталанта и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Поради настапите кои ги прикажува Госенс е на радарот на клубови, пред се на Манчестер Сити кој важеше како фаворит за неговиот потпис. Меѓутоа тој би можел да донесе изненадувачка одлука за продолжување на неговата кариера.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англиските медиуми објавија дека Госенс преговара со тимот на Лестер. Аталанта за неговите услуги бара сума од 25 милиони евра и тоа за „лисиците“ не е проблем, па затоа преостанува договор помеѓу Госенс и Лестер.
Лестер е во добра позиција да се избори за место во Лигата на шампионите затоа што е четврт во Премиер лигата, а наводно тоа било услов Госенс да ги избере „лисиците“.