Манчестер Сити и Арсенал обезбедија пласман во полуфиналето во рамки на Лига Купот, откако вечерва славеа во дуелите со Лестер и Вест хем.
Избраниците на Гвардиола се пласираа во следната фаза по пенал-рулетот, откако вечерва по голема битка успеа да го елиминира Лестер. Мечот заврши 1:1 по регуларните 90 минути, а во пенал паритијата блесна голманот на „Граѓаните“, Клаудио Браво кој сезонава настапува само во Лига Купот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бернардо Силва го постигна голот за водство на Сити со кој гостите се наоѓаа на чекор до триумф. Сепак, во 95. минута судијата покажа на белата точка по стартот на Вокер врз Греј, по што Варди беше сигурен реализатор на пеналот и го одведе мечот во продолженија.
По продолженијата резултатот не се промени, по што обете екипи се подготвија за пенал партија. Таму подобри беа гостите, со оглед на тоа дека голманот Браво го одбрани токму ударот на Џејми Варди во четвртата серија, потоа и оној на Марез во петтата серија, за пласман на „Граѓаните“ во полуфиналната фаза.