Дома Фудбал Лестер го потврди новиот тренер, во стручниот штаб ќе биде и Џон Тери

Лестер го потврди новиот тренер, во стручниот штаб ќе биде и Џон Тери

Се највуваа Џеси Марш и Рафа Бенитез, но сепак вчера вечер Лестер за нов стратег го промовираше Дин Смит кој ќе има за задача да го спаси клубот од испаѓање.

Дин Смит доаѓа откако клубот не се договори со Марш и Бенитез, а во неговиот стручен штаб ќе биде и легендата на Челзи, Џон Тери.

„Лестер со задоволство потврдува дека Дин Смит е новиот тренер на клубот до крајот на сезоната 2022/2023“, соопштија „лисиците“.

Џон Тери со Дин Смит работеше и во Астон Вила, па сега ќе се обидат да имаат добри резултати на „Кинг Пауер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пројковска на европска задача: во Лондон ќе го води дуелот Арсенал – Бенфика

Ивана Пројковска е назначена за главна судијка на средбата од третото коло во женската Лиг…