Бразилецот од поодамна порача дека сака да остане, но одговор од спротивната страна се уште нема.
Неизвесноста околу останувањето на Тијаго Силва се уште трае бидејќи директорот Леонардо и газдата Насер Ал Келаифи се уште не го исконтактирале капитенот околу продолжување на договорот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Реномираниот „Л’Екип“ пишува дека Леонардо си игра со „оган“ бидејќи одлучил да нема никакви разговори за продолжување на договорот пред јануари, а дури се споменуваат и февруари и март како периоди кога може да биде донесена конечната одлука.
Договорот на 35 годишниот фудбалер истекува наредното лето па веќе кон крајот на декември другите клубови ќе можат да започнат контакти.
Далеку појасно изгледа ситуацијата на Едисон Кавани. Доколку нешто драстично не се промени, Уругваецот на лето ќе ја промени средината.
Тијаго Силва во Париз пристигна летото 2012 година од Милан за оштета од 42 милиони евра. До сега забележа 284 настапи и постигна 16 голови. Кавани дојде една година подоцна од Наполи за 64.5 милиони евра и за ПСЖ настапи на 287 натпревари и постигна 195 гола.