Дома Фудбал Англија „Л’Екип“ открива: Ливерпул го договори првото засилување во офанзивата

„Л’Екип“ открива: Ливерпул го договори првото засилување во офанзивата

Фудбалерот на Монако би можел наскоро да го облече дресот на Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што јавува водечкиот француски спортски медиум, „Л’Екип“, Ливерпул во своите редови ќе донесе фудбалер од Монако.

Се работи за 17-годишниот Кристијан Кофи, момче кое игра на позицијата офанзивен играч за врска.

Многумина го споредуваат со Мане, поради неговата брзина, но повеќе играше како плејмејкер во младиот тим на Монако.

Ова момче ја претставува Франција кај младинците, а има право да игра и за Брегот на Слоновата Коска.

Како што се наведува, Ливерпул се договорил со ова момче, кој од лети би можел да се приклучи на екипата на Јирген Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…