Дома Фудбал Англија Легендите на Јунајтед „удрија“ по Фернандеш: Срамно, така не се однесува капитен!

Легендите на Јунајтед „удрија“ по Фернандеш: Срамно, така не се однесува капитен!

Maнчестер Јунајтед вчера доживеа историски дебакл во поразот од Ливерпул со неверојатни 7:0.

Ништо не најавуваше дека ќе видиме ваков резултат бидејќи Јунајтед во натпреварот влезе со низа добри резултати, го освои Лига Купот и ја елиминираше Барселона од Лигата на Европа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендата на Јунајтед, Гери Невил по натпреварот испрати сериозни критики на сметка на Бруно Фернандеш кој вчера ја носеше капитенската лента.

„Второто полувреме беше срамно. Беше тоа е неред, посебно можеше да се види во однесувањето на капитенот Бруно. Во одредени моменти неговото однесување беше недозволиво“, истакна Невил.

Како што одминуваше натпреварот фрустрацијата на Бруно беше се поголема, па во еден дуел со Стефан Бајчетиќ престана да трча, додека во завршницата бараше измена.

„Ги крева рацете и го прашува тренерот зошто не го замени?! Тоа не беше капитенска игра. Доста ми е од него и неговото симулирање и „плачење“. Менаџерот мора да се погрижи за тоа“, додаде Невил.

Критики за Бруно имаше и Рој Кин.

„Неговиот говор на тело беше срамен. Талентиран играч, капитен е, но она што го покажа…Говорот на телот, кревањето раце, недостастокот на борбеност. Не би биле среќни со него во соблекувалната“, изјави Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …