Дома Фудбал Англија Легендата на Јунајтед „удри“ по Ливерпул: Нема да ги гледам дури и да играат во мојот двор!

Легендата на Јунајтед „удри“ по Ливерпул: Нема да ги гледам дури и да играат во мојот двор!

Уште една изгубена сезона е пред Ливерпул, барем кога е во прашање Премиер лигата. „Црвените“ моментално се на 6-то место на табелата со 12 бодови помалку од лидерот Манчестер Сити.

Од друга страна Лестер ги исфрли од Лига Купот, а во Лига на шампиони единствените победи тимот на Клоп ги направи против Марибор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рои Кин жестоко го критикуваше клубот од „Енфил“ против кого како играч на „црвените ѓаволи“ ги водеше најголемите битки.

„Тешко е да се водбудите кога го гледате Ливерпул. Искрено, да играат во мојот двор нема да ги гледам. Тие мислат дека играат добро, но останатите гледаат дека тоа не е така. Ќе видете, на крајот на сезоната повторно нема да освојат ништо“, изјави Кин и сигурно ги разбесни навивачите од „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…