После светското првенство, Лука Модриќ изби во прв план и сега е главен фаворит за освојувањето на Златната топка.
Според анкетите во Шпанија, Модриќ имаше убедлива предност пред Салах и Роналдо, а дека Модриќ би требало да ја освои наградата за најдобар играч смета и легендарниот голман на Данска и Манчестер Јунајтед, Каспер Шмајхел.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Се надевам дека Лука Модриќ ќе победи, бидејќи она што го направи на Светското првенство е нешто посебно. Исто така, не смееме да ги заборавиме и неговите настапи за Реал Мадрид со кој ја освои Лигата на шампионите. Тој не постигнува голови како Роналдо или слични фудбалери, но тој на сите им креира шанси да погодат“, изјави Шмајхел.
Оваа година Модриќ веќе беше прогласен за најдобар играч во Европа од страна на УЕФА, а претходно ја доби и наградата за најдобар играч на Светското првенство во Русија.